За постигнување на што повисок квалитет на производите се работи континуирано на подобрување и усовршување на квалитетот на прозиводството во целина, пред се со набавката на врвни суровини од еколошки здрави подрачја и преку конзистентно инсталирање на најсовремена опрема и следење на светските трендови во оваа област. Во последните година дена направена е комплетна реконструкција според хасап системот на кланицата за крупен и ситен добиток како и на целата фабрика за преработки на месо. Најнова инвестиција е машината за пакување на месо и месни преработки во заштитена средина со подолг рок на траење.

Активностите во компанијата ги реализира тим од високостручни професионалци од повеќе профили, со повеќе децениско искуство во месната индустрија.

Во текот на производниот процес, вработените ги процесираат суровините стриктно според меѓународните стандарди HACCP и IS0 9001-2000. Секоја процедура коренспондира со барањата за сигурност, квалитет и хигиена. Во склопот на МИК Свети Николе постои сопствена лабораторија која секојдневно и редовно врши органолептичко, хемиско и бакериолошко испитување на квалитетот на готовите производи и суровините. Воедно, државната ветеринарна инспекција е редовно присутна и врши додатна контрола на квалитетот на суровините и готовите производи.

Може да се каже дека вработените се целосно посветени на постојано подобрување на квалитетот на производите за да се излезе максимално во пресрет на барањата и очекувањата на потрошувачите.

Сите произведени продукти се чуваат во соответни магацини и комори, пред да бидат испорачани на пазарот. МИК Свети Николе располага со складиштен простор за длабоко замрзнување на 800 тони месо и складиштен простор со температура до +4 степени за уште 300 тони.

Како општествено одговорна компанија МИК Сети Николе посветува посебно внимание на зачувување на животната средина и примена на еколошките стандарди во работењето. Од овие причини е изградена и прочистителната станица за отпадните води, со што се вбројува во редот на еколошки најчистите компании во државата.

Ви препорачуваме

Чадена панцета

Кокошкина паштета

Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.