Сочно и вкусно благодарение на сенфот. Како едно обично парче свинско месо може да има одличен вкус со само една состојка. Ако го правите на скара, вкусот ќе биде уште подобар.Не се двоумете да го пробате ...

Потребно е:

  • 450 гр свински бут
  • 2 лажици дижон сенф
  • сол и црн пипер

Подготовка: Загрејте ја скарата или рерната за 250 целзиусови степени. Месото расечете го по должина, но не сосема, за да не направите дупка или процеп. Тоа треба да се одвои на две парчиња и да биде во еден дел.

Посолете го и запиперете го. Намачкајте го со сенф од двете страни.

Ставете го на скара да се пече по 5 минути на секоја страна или во рерна, со повремено превртување за да биде испечено рамномерно од сите страни.

Кога ќе биде испечено, оставете го 5-10 минути да се олади, пред да го сервирате.

Ви препорачуваме

Чадена панцета

Кокошкина паштета

Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.